На 25.02.2020 во 10.00 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија, 40-годишна жена од Гевгелија пријавила дека на 23.02.2020 околу 13.00 часот во Гевгелија А.В.(23) од Гевгелија со употреба на сила извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.

А.В бил пронајден и лишен од слобода, а за настанот бил известен јавен обвинител и по негова наредба над оштетената и сторителот биле извршени прегледи во Институтот за судска медицина-Скопје, а бил извршен и претрес во домот на А.В.

По извршените прегледи, А.В. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2020 02:16