Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино, поднесе кривична пријава против Д.К.(32) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“.
Д.К. преку интернет нудел посредување за работа во Германија, држејќи во заблуда три лица од кои две од Неготино и едно од Демир Капија, со наведување да уплатуваат парични средства на трансакциски сметки на две банки во разни суми, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 119.450 денари, за кој износ тие биле оштетени.