Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ризикот од новиот коронавирус во САД останува многу мал.
Тој на прес-конференција во Вашингтон нагласи дека САД се подготвени да направат се што треба ако почне да се шири вирусот.
Трамп исто така рече дека би бил задоволен од секоја сума на средства што Конгресот би ја издвоил за борба против Ковид-19.
Американскиот претседател додаде и дека ќе побара од потпретседателот Мајк Пенс да ги води активностите за борба против коронавирусот, истакнувајќи дека САД се „многу, многу подготвени“ за каква било ситуација поврзана со новиот вирус.