Во СВР – Куманово вчера во 16:45 часот командирот во затвор „К’шање“, пријавил пожар во крилото за странци, каде била опожарена ќелија од страна на затвореници.

Од извршениот увид од увидна екипа од СВР Куманово било констатирано дека во затворот на вториот кат влезната врата од ќелија била отворена, а во истата имало опожарени душеци од кревети.

– Од извршениот разговор со вработените во затворот утврдено било дека пожарот бил предизвикан од затвореникот Н.Р. (34) од Косово, кој запалил два душеци, по што излегол надвор и ги скршил двете камери кои биле поставени во ходникот од крилото, соопштија денеска од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2020 18:34