Жител на Тетово на 61 година е лишен од слобода во врска со пријавениот полов напад врз малолетно девојче од 25 февруари, соопшти денес СВР Тетово. Осомничениот е приведен денес околу 15 часот на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово.

-Полициски службеници го лишиле од слобода 61-годишниот тетовец во врска со половиот напад на малолетно дете кој во СВР Тетово е пријавен на 25 февруари. Извршен е претрес во неговиот дом и се преземаат мерки и активности за документирање на случајот кој го координира обвинител од тетовското обвинителство, информираат од СВР Тетово.

На 25 февруари, случајот го пријавил 26-годишен жител на Тетово, инаку очув на девојчето, додека пријавениот полов напад се случил во понеделникот 24 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/02/2020 00:49