Маж од Виница и неговата партнерка, државјанка на Хрватска без дозвола го напуштиле карантинскиот дел на Инфективното одделение при Клиничката болница во Штип, по што отишле во домот на виничанецот, каде веднаш се ставени во изолација. Тие пријавиле во Инфективното одделение дека имаат симптоми на коронавирус по посетата на Италија.

Ова вечерва за МИА го потврди министерот за здавство Венко Филипче, кој рече дека мажот и жената не се вратени во Инфективното одделение, туку се во изолација во домот на Виничанецот.

– Избегале, но дома отишле, се исплашиле. Не се вратени во Инфективното одделение, дома се во изолација. Ова ми го соопштија од МВР, изјави Филипче.

Мажот и жената го напуштиле без дозвола Инфективното одделение откако искршиле еден од прозорците на болничката соба.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/02/2020 00:50