Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Полициски службеници, при личен преглед на обвинетиот на 20 јануари, утврдиле дека тој во појасот од десната страна неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Црвена застава М70“ со калибар од 7,65 мм. Освен тоа, обвинетиот кај себе имал и една рамка со осум куршуми муниција за пиштолот.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот 28-годишник, со оглед на тоа што постои опасност од бегство и можност тој да го повтори кривичното дело, соопшти ОЈО Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2020 14:28