Полицијата во соработка со Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе кривична пријава против Е.Ј. (30) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што соопшти МВР, по преземени мерки, Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со РЦ Запад обезбеди материјални докази и констатираше дека пријавениот е инволвиран во случајот на пронајдени 45 килограми марихуана во две торби во близина на Граничниот премин „Ќафасан“ на 11 ноември 2018 година.

На 26 февруари 2020 на Граничниот премин „Свети Наум“, Е.Ј. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струга на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2020 14:57