На 01.03.2020 во 21.00 часот во Полициската станица Кавадарци, И.К. од Кавадарци пријавил дека околу 19.45 часот во дворот на црквата „Св. Димитрија“ две лица физички го нападнале и му одзеле пари и лични документи. Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 01.03.2020 во 14.45 часот било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Пиринска“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.И.(29) од Скопје и М.И.(29) од Р.Србија, со престојувалиште во Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 6 и член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
На 01.03.2020 во 18.30 часот било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.А.(21) и Л.Л.(35), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
На 01.03.2020 во 20.45 часот било пријавено дека во трговски центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(20), Б.Х.(20) и Ф.П.(21), сите од Скопје, од една страна и Е.М.(21), Е.М.(24) и А.И.(24), сите од с.Долно Свиларе, Сарај, од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
На 01.03.2020 во 19.40 часот било пријавено дека на 29.02.2020 околу 04.50 часот во с.Марино, скопско, Ф.А.(20), А.К.(19) и Ф.Б.(19), сите од с.Марино, биле физички нападнати од три лица. Се работи на расчистување на случајот.
На 01.03.2020 во 18.00 часот во СВР Скопје, С.А.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Маџари“ бил физички нападнат од О.А.(44) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.