„Гунда” е засега последниот црно-бел документарен проект, снимен како порака кон целото човештво. Режисерот на документарни филмови, Виктор Косаковски стои зад проектот.

Филмот е прикажан од гледна точка на неколку домашни животни што живеат на фарма и како тие се експлоатираат од луѓето. Во видеото нема музика и дијалози… Поточно, има, но не се разбираат оти се работи за нем филм, додека приказната се сосредоточува на прасето Гунда.

Еден од извршните продуценти на документарецот е Хоакин Феникс, познат со љубовта кон животните, особено по својот говор примајќи го оскарот за најдобар глумец.

Филмот беше претставен на годинешниот филмски фестивал во Берлин.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2020 11:27