Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правното лице ДПУ „Елс Венерас Посредништво и Образование ДООЕЛ“ од Делчево и против двајцата управители Е.Ќ.(33) и А.Ќ.(56), двајцата од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Во периодот од 01.01.2017 до 31.10.2019, се појаснува во соопштението од МВР, правното лице претставувано од пријавените управители, преку лажно прикажување на податоци за извршени трансакции од страна на физичко лице, не пресметале и не платиле персонален данок на доход по други основи во износ од 233.930 денари и данок на личен доход во износ од 202.920 денари, со што се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 436.850 денари.