Кавадарчанец со секира се заканувал на соседот, по што бил приведен, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
В.Ѓ.(51) од Кавадарци синоќа во 20.30 часот во Одделението за внатрешни работи Кавадарци, пријавил дека околу 18.30 часот неговиот сосед И.О. со секира удирал по ѕидот од неговата куќа и му се заканувал по животот. И.О. бил приведен и се работи на расчистување на случајот.