Дваесет и седумгодишник од тетовска Брвеница е повреден попладневво откако со неговото возило излетал од коловозната лента на автопатот Скопје-Тетово.
-Околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај Добарски натпатник излетало од коловозната лента возило марка „Пежо 207“ со тетовски регистерски ознаки. До незгодата дошло кога возачот В.Б (27) од Брвеница изгубил контрола и излетал од автопатот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Дваесет и седумгодишникот бил сам во возилото. Бил пренесен во тетовската болница каде му се констатирани полесни телесни повреди. Увид извршила екипа на СВР Тетово.