Двајца жители на охридското село Требеништа заработија кривични пријави за извршени неколку кражби на повеќе локации во охридско.
Според полицијата, лицата Б. Ј. (43), Ј. П. М. (20), двајцата од селото Требеништа, во периодот од октомври минатата до јануари оваа година извршиле вкупно шест кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, во подрачјето на Охрид и селата Требеништа и Мешеишта, во Општина Дебрца.
Тие користејќи подесен алат и физичка сила насилно влегувале во куќи и други помошни простории и притоа противправно одзеле компјутер, агрегати, алати и други предмети. На тој начин се стекнале со противправна имотна корист од околу 87 илјади денари.