На 05.03.2020 во 18.00 часот во СВР Скопје, М.М.(35) од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот во близина на угостителски објект на ул.„Кирил и Методиј“, поради недоразбирање во сообраќајот, била физичи нападната од Б.П.(30) од Скопје.
Воедно, при преглед на патничкото моторно возило„ голф 5“ со скопски регситарски ознаки, кое го управувала пријавителката, полициски службеници пронашле и одзеле нож.
Сочинет е записник за константиран прекршок по член 4 и член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и сочинет е прекршочен платен налог по член 80 став 1 од Закон за оружје.