Вчера во СВР Скопје, Д.К.(40) од Скопје пријавил дека околу 23:00 часот на крстосницата од бул.„Кузман Јосифовски Питу“ со бул.„Јане Сандански“, додека со неговиот малолетен син биле запрени во неговото возило на црвено светло на семафорите, две лица со тврди предмети го оштетиле возилото и се обиделе физички да го нападнат.
Според пријавеното, едното лице вперило и пиштол кон него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.