Дваесет и тригодишник бил повреден во фабрика синоќа во Кавадарци, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Како што соопшти Додевски, околу 18.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека П.Н.(23) од Кавадарци, при извршување на работни задачи во фабрика во Кавадарци, паднал и се повредил.

Тој бил пренесен во кавадаречката болница за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2020 13:00