Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против К.Т.(47) и З.Д.(46), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 355.000 денари.
Како што соопшти МВР, пријавените, на 09.03.2020 во два стана на бул.„Јане Сандански“ во Скопје насилно влегле во становите и одзеле пари и златен накит. По извршување на второто дело биле пресретнати од полициски службеници од Полициската станица Аеродром и почнале да бегаат, но набргу потоа биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај нив биле пронајдени украдените предмети и алатот, кој го носеле со себе, специјално изработен за насилно отварање на сеф брави.
Во разговор со полициски службеници, со присуство на Јавен обвинител, пријавените во целост ги признале делата, наведуваат од МВР.