Полициски службеници од ОВР Кичево, вчера попладне во 18:30 часот, на пат во близина на кичевското село Другово, сопреле патнички автомобил со скопски регистарски ознаки управуван од Е.А.(31) од Скопје.

При извршен преглед, во возилото пронајдени и одземени се опојна дрога марихуана и хероин, информира портпаролот на СВР- Охрид Стефан Димоски.

Притоа, притоа тој додаде дека возачот, заедно со сопатникот И.Ј.(27) од Скопје, се приведени и лишени од слобода. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2020 14:43