Основното јавно обвинителство Гостивар, до Основниот суд Гостивар, поднесе Предлог за издавање казнен налог против управител на правно лице – угостителски објект, обвинет дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, информираат од Јавното обвинителство.

-Обвинетиот на 16. март послужувал храна на гостин седнат на маса во внатрешноста на неговиот угостителски објект, умислено не постапувајќи според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19, појаснуваат од обвинителство.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2020 12:36