Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти е заинтересиран за напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле.

Некои британски медиуми објавија дека италијанскиот тренер лично очекува 30-годишниот напаѓач да ја прифати неговата покана и да се согласи на овој трансфер.

Анчелоти не е задоволен од изборот на играчи во нападот и сака да ја засили оваа линија. Тој се надева дека неговиот сонародник од Лацио ќе биде од голема корист за неговиот тим.

Останува да се види дали во летниот трансфер прозорец Имобиле ќе стане играч во Премиер лигата.

Оваа сезона Имобиле постигна 27 голови за Лацио на 26 натпревари на Серија А и е најдобар стрелец во петте најсилни европски фудбалски лиги.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2020 00:23