Кумановските пожарникари, вчера гаселе два пожари, на пожар во пилана и на „дива“ депонија во село Романовце, а имало и шумски пожар, пренесува Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Пожарникарите интервенирале во село Старо Нагоричане во месноста викана Гелинце на опожарена пилана за преработка на дрво каде изгорела поголема количина на дрвена маса.

Пожарникарите го гаселе пожарот скоро два часа од 11:20 до 13:35 часот.

На „дивата“ депонија во Романовце горела запалена сува трева и отпад, пожарникарите интевренирале скоро еден час по 18 часот.


Се запалиле пилана и дива депонија во Старо Нагоричане, пожарникарите со брза интервенција

– Од лице за контакт со шумско стопанство Куманово известени сме дека во изминатото деноноќие од 18:00 до 16:00 часот бележат шумски пожар во село Лукаре на опожарена нискостеблеста деградирана шума и дабова шума со површина од пет хектари, интервенирале со едно возило со пет вработени на Шумско Стопанство Куманово- се вели во информацијата на Регионалниот центар за управуавње со кризи.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2020 12:17