На подрачјето на СВР-Штип синоќа имало три нарушувања на полицискиот час, лицата кои го нарушиле се опоменати, а вечерва секој кој што ќе го наруши полицискиот час ќе биде и соодветно казнет.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека на подрачјето на СВР-Штип имаат регистрирано 561 граѓанини во самоизолација, додека со решенија за посебен надзор се вкупно 56 лица.

Во Штип бројката на самоизолирани е зголемена и бројот на лица во самоизолација изнесува 190 до утринава, а додека со решение за посебен надзор се вкупно 15 лица.

До пред два дена до Обвинителството се доставени вкупно осум кривични пријави за нарушување на мерката за самоизолација, од кои четири се во Кочани, две во Делчево и по една во Штип и Свети Николе.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2020 13:03