Уште две лица во Охрид заработија кривични пријави заради непостапување по препораките за време на епидемија, односно на мерката за самоизолација во времетраење од 14 дена.
Лицата Д.Т.(48) од Охрид и Х.П.Т.(48) од Швајцарија со привремено престојувалиште во Охрид на 9 овој месец влегле во земјата преку граничниот премин „Ќафасан” при што потпишале и изјава дека ќе спроведат самоизолација што подоцна не ја испочитувале.
При контрола извршена на 19 март полициските службеници утврдиле дека пријавената Д.Т. не се наоѓала во нејзиниот дом во Охрид, додека пријавениот Х.П.Т. на 18 март е затекнат како управува патничко возило на регионалниот пат Охрид-Струга.
Инаку, што се однесува на безбедносната состојба на подрачјето на седумте општини што ги покрива СВР Охрид, таа е стабилна. Спроведените патроли низ градските средини и приградските населби на полицијата не регистрирале собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди.
Според СВР – Охрид, непречено се реализираат активностите кон лица кои се ставени под мерки за самоизолација, здравствен надзор и домашна изолација. Во општините Дебар и Центар Жупа без проблеми се реализираат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти