Основното јавно обвинителство Дебар денеска поднесе Предлог за издавање казнени налози против две лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби.

Како што се наведува во соопштението, обвинетите​ во одвоени кривично правни настани постапиле спротивно на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови се движеле по градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2020 15:00