Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе Предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, за што јавен обвинител на судот му предложи за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.
Од ОЈО наведоа дека обвинетите во одвоени кривично правни настани постапиле спротивно на Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови се движеле пешки или со возила низ градот.