Во Прилеп четири лица заработиле кривични пријави поради не почитување на полицискиот час, иако, генерално, прилепчани ја почитуваат оваа мерка, информираа градските власти. Четири кривични пријави беа поднесени и претходната ноќ.

Во изолација се 183 лица и бројката е иста како во текот на вчерашниот ден. Денеска нема евидентирано нарушување на оваа мерка и сите што се во изолација се затекнати во домот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2020 12:37