Шест нови жителите на Тетовско ќе се соочат со законски санкции поради непочитување на ограничувањето на движењето во насока на спречување на пандемското ширење на коронавирусот, информираат денеска од тетовската полиција. Со новите случаи тетовската полиција од почетокот на ограничувањето на движењето бележи 52 примери на прекршување на полицискиот час.
– Во периодот од 07 часот вчера 28 март до утрово во 07 часот откриени се вкупно шест лица како се движат во термините во кои е определно ограничено движење. Едно од шестте лица е човек на возраст над 67 години. Сите ќе се соочат со законски предвидени поднесоци, истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Во изминатиот период контролирани се и угостителски објекти во Тетовско. Два локали кои работеле врмено се затворени со решение на Државен пазарен инспекторат.