Во текот на продолжениот полициски час од вчера попладне од 16 часот до утрово до 5 часот, во Велес 12 граѓани не го почитувале полицискиот час, во Неготино 15, а во Кавадарци само еден.

Како што информираат од СВР Велес против нив ќе се преземат соодветни санкции.

На подрачјето на СВР Велес во чиј состав се Велес, Кавадарци и Неготино, во Велес моментално во самоизолација се 125 граѓани, во Кавадарци 129, а во Неготино 37 граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2020 16:42