Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, жител на гостиварско село, на возраст од 67 години за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.
Од Обвинителството наведуваат дека во насока на непречено одвивање на постапката и обезбедување присуство на осомничениот, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд во Гостивар достави и Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.
Осомничениот делото го сторил на 2 април 2020 година, кога искористувајќи го претходното познанство со детето – жртва, го повикал во простории на старо училиште. Детето давало отпор и било слушнато од минувачи, кои ја отвориле вратата и не дозволиле сторителот да побегне.