Во Германија, најмалку 331 установа за стари лица се погодени со вирусот Ковид-19, јави државната телевизија АРД.
Најмалку 226 лица починаа во старечките домови, од кои 118 само во покраината Северна Рајна Вествалија.
Во старечки институции во Германија се сместени 818.300 луѓе. Речиси 92 проценти се над 65 години.