Битолското обвинителство поднесе постапки против десет лица кои не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим на движење на територија на државата, донесена како мерка за сузбивање и спречување на коронавирусот.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, обвинетите во одделни кривично правни настани, се товарат дека за време на полицискиот час, се движеле низ Битола пеш или со возило. Со тие дејствија не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.

– Заради стореното кривично дело, Основното јавно обвинителство Битола побара од Судот на обвинетите за стореното кривично дело да им определи парична казна во износ од по 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност, се наведува во соопштението на Обвинителството.​​



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2020 16:11