Едно лице загина, а четворица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево околу 14:30 часот во село Банско, општина Струмица, потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.
Повредените се пренесени со Итната медицинска помош во струмичката болница, каде се задржани на лекување, а увидот се уште трае.
Повеќе детали за несреќата од полицијата најавуваат за утре.