Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вечерва на својот профил на Фејсбук објави дека непознати сторители запалиле летниковец во парк шумата Гази Баба.

– Ваквиот вандализам мора да престане! Летниковецот во парк шумата Гази Баба беше поставен за луѓето да можат да се одморат, релаксираат и поминат време со своите најмили. Кому му пречело сето тоа? Овој чин не само што направил материјална штета, туку можел многу сериозно да предизвика голема опасност и да ја загрози безбедноста во околината, вели Шилегов во својата објава.

Тој при тоа изразува „голема благодарност за брзата реакција на Пожарна Скопје што не се дозволи пожарот да се прошири и направи поголема штета, имајќи ја предвид шумата и дрвјата во непосредна близина на летниковецот“



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2020 01:44