Во Прилеп попладнево околу 17 часот во својот дом на улица „Никола Карев“ изгоре 65-годишен маж.
Интервенирале соседите, а потоа и противпожарната единица но било доцна. Увид направија полицијата и јавен обвинител.
Според јавниот обвинител Дамчо Кочоски трагедијата се случила нешто пред 17 часот. Причините не се познати, но смета дека најверојатно е несреќен случај.
-Околу 16,45 часот сопругата на трагично загинатиот прилепчанец прва го видела пламенот од гаражата. Се стрчала, го видела сопругот како гори и свикала по соседите. Тие интервенирале, еден со апарт реагирал да не се прошири пожарот но било доцна за 65-годишникот. Причините не се познати, но најверојатно станува збор за несреќен случај, ни рече Дамчески.
Противпожарната единица брзо стигнала на местото на трагедијата со две возила, но како што изјави Методија Николоски, било доцна. Прилепчанецот веќе бил починат.
-Во 16, 51 часот во противпожарната единица примивме пријава за настанат пожар во гаража каде има починато лице. Интервениравме со две возила. Причините ќе ги откриваат полицијата и основното јавно обвинителство, рече Николоски.
За трагедијата и што забележала говори соседката Виолета Новеска
-Седев на балконот и забележав чад. Излегов до портата и видов комшиите се стрчаа. Се приближив и велам – Миле се запалил. Му свикав на сопругот да земе лопата и со песок да интервенира. Соседите фрлаа песок, ама телото веќе беше јагленисано. Последниве години имаше некои психички растројства, рече Новеска. 65-годиниот прилепчанец една година е пензионер, Работел како курир во Прилепскиот основен суд