На 10.04.2020 околу 21.20 часот на ул.„Панајот Гиновски“, од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода О.В.(32), кој бил во алкохолизирана состојба и С.В.(38), и двајцата од Скопје, бидејќи при преземање на службени дејствија од страна на полициските службеници, по претходна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, пријавените се однесувале агресивно кон нив.
Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.4, чл.5, чл.6 и чл.13 од ЗППЈРМ.