На 10.04.2020 во 13.55 часот во Полициска станица Гостивар, Д.К(37) пријавил дека во куќа на ул.„ЈНА“ во Гостивар го пронашол починат неговиот татко К.И.(68) од Гостивар, кој според пријавеното имал претходни здравствени проблеми.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, без траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.