На 10.04.2020 во 01.20 часот на ул.„Коце Металец“ полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(48) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело „телесна повреда“, казниво по чл.130 ст.2 од Кривичниот законик, а постапувајќи по претходна пријава од Д.Д.(41) од Скопје, дека претходниот ден околу 19.00 часот, во семејниот дом на ул.„Коце Металец“, после меѓусебна расправија, била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг С.Б.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2020 02:01