На 10.04.2020 околу 14.10 часот пред здравствена амбуланта во с.Банско, струмичко, М.Н.(25) од с.Банско, управувајќи патничко возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во четири малолетни лица, на 4, 9, 14 и 17 години, сите од с.Банско, а потоа во електричен столб. По незгодата возачот и пешаците биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, при што кај четиригодишникот од лекар била констатирана смрт, а со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот пешак.
Кај возачот и другите двајца малолетници се констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Струмица.