Маж на возраст од педесетина години претпладнево е пронајден мртов во неговиот дом во Ромското Маало во Кочани.
Починатиот живеел сам, а случајот во полиција го пријавиле соседите, по што набргу пристигнале полициски и медицински екипи, а известено и Основното јавно обивнителство. Констатирано е дека врз телото нема траги на насилство, а лицето имало срцеви проблеми.
Во моментот се врши увид и се очекува да се земе брис за утврдување на присуство на коронавирусот.
Од Кризниот штаб на Кочани го потврдија случајот, а повеќе информации од официјалните служби се очекуваат во текот на денот.