Јапонските медицински служби предупредија денеска дека ургентната медицината во земјата се соочува со колапс поради големиот број на луѓе кои се заразени од коронавирусот, што исто така би можело да доведе до колапс на целиот здравствен систем.

Во заедничката изјава на јапонското Здружение за акутна медицина и Здружението за итни случаи се посочува дека многу болници одбиваат итни случаи, вклучувајќи мозочни удари и срцев удар и надворешни повреди.

Предупредуваат и за недостиг на заштитна опрема, пренесуваат локалните медиуми.

Во Јапонија досега има 7.000 заразени и 100 смртни случаи.

Во таа земја има вонредна состојба и Владата ги повика луѓето да останат дома.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2020 21:57