Полицијата во гостиварскиот регион регистрирала повеќе случаи на непочитување на забраната за движење, по што се приведени 15 лица кои ќе се соочат со соодветни пријави.
Меѓу прекршителите имало и две малолетни лица.
Најголемиот број на непочитување на полицискиот час во гостиварско е регистриран во попладневните часови, информираат од СВР Тетово.
Приведени се и две лица од селото Горна Бањица, кои одбиле да се легитимираат на пунктот во близина на гостиварската болница. Тие упатувале навреди и ги омаловажувале полициските службеници. Ним ќе им бидат изготвени соодвтени поднесоци по целосно расчитување.