Основното јавно обвинителство Берово денеска до Основниот суд Берово поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопшти денеска од Јавното обвинителство.

-Обвинетите во три одделни настани, на 8 и 9 април, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час се движеле низ градот, информираат од обвинителството.

Јавниот обвинител на Судот му предложи да определи парични казни и тоа за двајца обвинети во износ од 30 дневни глоби во вредност од по 10 евра, додека за еден обвинет – казна од 50 дневни глоби во вредност од по 10 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2020 12:37