За време на полициски час 77- годишник бил приведен, а при тоа кај него е најден пиштол со рамка, соопшти денес СВР Тетово. Тој бил затекнат како се движи по улицата „176“ во Тетово, околу 13 часот и 40 минути.

– На 12.04.2020 околу 13.40 часот, за време на забраната за движење, на ул.„176“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Р.А.(77) од Тетово, бидејќи при преглед кај него е пронајден пиштол со рамка со 7 куршуми, калибар 7,65 милиметри, кој го поседувал без дозвола. Р.А. е задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот и ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци, информира МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2020 14:42