Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе 12 предлози за издавање на казнени налози против вкупно 16 лица, сите поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не се придржувале кон мерките за забрана за движење на територијата на Општина Битола во периодот на полицискиот час на 12 април, се наведува во соопштението.

Обвинителството му предложи на судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, со определување на износот на дневна глоба во вредност од по 20 евра во денарска противвредност.​



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2020 16:59