Кумановската полиција за време на викенд-карантинот лишила од слобода осум лица од кои шестмина од Куманово и двајца од Крива Паланка, соопшти денеска СВР Куманово.
-На подрачјето на СВР Куманово во текот на викендот односно од 10 до 13 април, лишени од слобода се осум лица (шест во Куманово и две во Крива Паланка) кои не се придржувале до мерката забрана за движење на граѓани, се вели во соопштението на СВР Куманово.
Против осумтте лица, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок.