Oсновното јавно обвинителство – Тетово, постапувајќи по поднесени кривични пријави, поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Двајцата обвинети, во одвоени случаи на 12 и 13 април, биле затекнати како се движат во градот за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител на Основниот суд – Тетово му предложил на лицата да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2020 16:01