Основното јавно обвинителство Берово, денеска до беровскиот Основен суд поднесе три предлози за издавање казнен налог против вкупно шест лица за три одделни кривично правни настани за прекршување на забраната за движење на 10 и 11 април 2020 година, информираат од ОЈО Берово.

– Обвинетите за време на епидемијата на опасната заразна болест Ковид-19 не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување – Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија донесена на 36-та седница на Владата на Република Северна Македонија со која се забранува движење на населението на целата територија на државата, започнувајќи од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник, соопштија од обвинителство.

Заради стореното кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, јавниот обвинител му предложи на надлежниот суд на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 50 до 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 до 20 евра во денарска противвредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2020 00:15