Основното јавно обвинителство Штип поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое го сторило кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРМ, лицето се товари дека на 30 март 2020 година, управувало возило низ градот Штип иако во сила била забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија.
Обвинителството, се додава, предложи на Судот, на обвинетиот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.