Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за пет лица за прекршување на полициски час.
– Обвинетите во одделни кривично правни настани, се товарат дека за време на полицискиот час, се движеле низ Куманово пеш или со возило. Со тие дејствија не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19, соопштија од ОЈО.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово побарал од Судот на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парична казна во износ од по 1.000 евра во денарска противвредност.